b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_06_урош_борзаш.jpg

РК Еурофарм Пелистер ја отвора вратата за уште едно големо ракометно име. Задоволство ни е да ја израдуваме нашата армија навивачи со уште еден престижен ново член кој ќе го носи дресот на нашиот клуб.

Српскиот репрезентативец Урош Борзаш е нов член на Еурофарм Пелистер, откако стави потпис на двегодишен договор. 23-годишниот Борзаш е еден од најперспективните леви бекови на континентот, редовен учесник во европските клупски натпреварувања на ЕХФ и член на селекцијата на Србија која рапидно се качува кон европскиот врв. Урош доаѓа во Битола од Норвешка, каде во последните две сезони го носеше дресот на Елверум и редовно играше во Лигата на шампионите. Минатата сезона постигна 49 гола во четиринаесет натпревари во групниот сегмент на Лигата на шампионите за норвешкиот клуб. Борзаш е висок 198 сантиметри, а тежок 101 килограм.

Новото засилување на Еурофарм Пелистер е роден во Сента, има српско и унгарско државјанство, а негов матичен клуб е големиот Веспрем. Борзаш го носеше дресот и на Татабања, Тулуз во Франција и норвешки Елверум.
Претставувањето на Борзаш е предвидено на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер во Битола.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723