b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_07_pinki.jpg

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 со работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24. Новиот тренер на тимот, младиот стратег Михаил Петровски, заедно со неговиот асистент Васко Димитровски, ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Младиот тренер ја најави сезоната и очекувањата.

„Имам голема одговорност затоа што наследувам одлична екипа. За мене ова ќе биде сатисфакција и шанса за докажување. Можеби ќе ја предводам најмладата екипа во шампионатот, која има просек 19 години. Сакам да напоменам дека од 23 ракометари кои што се во ростерот, дури 16 се битолчани. Наидов на млада екипа која што сака да се докажува, која што сака да тренира, да работа и е желна за победи. Целите се исти и оваа сезона – тоа е пласман вo плеј-офот“, изјави Петровски.

Главната цел на младиот тим од Битола ќе биде иста како и во претходните три сезони, а тоа е пласман во плеј-оф фазата од суперлигашката конкуренција.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723