b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_08_364979442_846449026845886_145751604832361059_n.jpg

РК Еурофарм Пелистер од денес има нов член во своето ракометно семејство. Малата словенечка колонија во нашиот град е побогата за средниот бек Домен Тајник. Еурофарм Пелистер потпиша тригодишен договор со 22-годишниот Словенец, кој доаѓа во Битола од Горење Велење и ќе им се придружи на сонародниците Лесјак и Цехте.

Се работи за ракометар со високи спортски перформанси, па иако е млад, има искуство од европски натпревари и трофеи со поранешниот клуб. Тајник е роден во Словење Градец, висок е 183 сантиметри, а тежок 88 килограми. Целата кариера ја мина во Велење, а од сезоната 2017/18 е член на сениорската екипа. Со Горење Велење стана шампион на Словенија, ги освои Купот и Суперкупот на Словенија, играше во Лигата на шампионите, а последните сезони беше дел од тимот кој настапи и во Европската лига. Тајник беше МВП на словенечкиот шампионат во сезоната 2021/22 и на Купот и Суперкупо на Словенија истата сезона.

Домен Тајник ги мина сите младински категории на словенечката репрезентација, а во Оран 2022 година настапи и за сениорскиот тим на Медитеранските игри.

Ракометарот деновиве ќе пристигне во Битола и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Официјалното претставување на Тајнкик во Еурофарм Пелистер е предвидено за крајот на август.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723