b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_04_pel2skopje.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 запишаа уште една очекувана победа во борбата за директен опстанок во Суперлигата. Битолчани го совлааа Скопје на гостински терен со 30-34 (11-15), во првиот натпревар од 12. коло на плеј-аутот на Супрлигата.

Од самиот почетокот момците на Михаил Петровски наметнаа силно темпо и со добра игра во одбрана постигнуваа лесни голови. Босанецот Хаџиќ брзо „нанижа“ шест гола и во 12. минута гостите поведоа со пет гола разлика. Тоа беше најчестата разлика во првиот дел и на одмор се замина со 11-15.

И во вториот дел ништо не се промени, полека се разиграа крилата и Калајџиовски и битолчани дури и делуваа посигурно. Дамјан Јакимовски сам парираше и намали на 22-25 на средина од вториот дел. Сепак, до крајот брзата игра на пелистерци и лесните голови на Мијушковиќ, ги скрати амбициите на домаќините, кои со скратен ростер не можеа да парираат. Финалните 30-34 реално ги отсликуваат работите на теренот.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Мијушковиќ и Хаџиќ со по десет гола, додека во тимот на Скопје се истакна Јакимовски исто така со десет погодоци.

Ракомет
Суперлига
Плеј-аут – 12. коло

Скопје – Еурофарм Пелистер 2 30-34 (11-16)

Спортска сала „Македонски херои - ФФОСЗ“ - Скопје. Гледачи: 300
Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарова

Скопје:
Н. Стојкоски, Груевски 4, Чакалиќ 4, Тркалевски 1, Јакимовски 10, Д.Стојкоски, Фичорски 2, Стојановски 4, Ристески 1, Рангелов 3, Божиновски 1, Гиески
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Штаковски, Маркоски 1, Талевски 2, Димоввски, Трпчевски, Димитровски 1, Калајџиовски 3, Ивановски 1, Белистојановски 3, Југовски 3, Мијушковиќ 10, Хаџиќ 10
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути

Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Голден Арт на 26 мај.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723