b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_раул.jpg

Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. До прекин на соработката дојде по барање на тренерот, кој поради приватни причини побара да се врати во Германија. Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму.

По официјализацијата на разделбата 46-годишниот Шпанец се збогува со фановите на Еурофарм Пелистер.

„Има моменти во животот кои засекогаш остануваат во срцето, Денес морам да ви соопштам дека прифаќам нов професионален предизвик и си заминувам од Еурофарм Пелистер. Оваа одлука беше тешка за мене, но на крајот е вистинската што треба да ја донесам и е заснована на семејни причини.

,Она што го доживеавме заедно беше нешто навистина посебно. Шампионската титула, нашето патување во Лигата на шампионите, еуфоријата во салата, вашата поддршка, неверојатни натпревари и моменти!

Ви благодарам за секој момент на поддршка. Вие сте неверојатни!", рече Раул.

sponzori 20252026

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723