b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_vgsg.jpg

Еурофарм Пелистер - Мешков Брест 30-28 (16-13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ги започнаа подготовките за новата сезона, во која одново ќе ја претставуваат Македонија во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Пелистерци веќе неколку дена се во Златибор, Србија, а вечерва го одиграа и првиот контролен натпревар. Противник на македонскиот шампион беше Мешков Брест, кој во неизвесен натпревар беше совладан со минимални 30-29. На полувреме беше 16-13 за „зелено-белите“.

Воедно, ова беше и прв натпревар на новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, кој летово пристигна во Битола како замена за сонародникот Раул Алонсо.

Пелистерци по Златибор се враќаат во Македонија, каде ќе ги продолжат подготовките, а ќе настапат и на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, кој на програмата е од 19 до 23 август.

sponzori 20252026

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723