b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_rakomet-turnir-vo-ohrid-eurofarm-pelister-vardar_5.jpg

Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 28-23 (14-12)

По големата победа во Скопје вредна титула, Еурофарм Пелистер отвори со триумф против вечниот ривал Вардар 1961 и во подготвителниот период за новата сезона, односн на турнирот „Крсте Андоновски“ кој се игра во Охрид. Третиот натпреварувачки ден беше затворен со вечното дерби меѓу најголемите македонски ривали, а после високото темпо од двете екипи на стартот на средбата, тимот од Битола беше оној кој се издвои со подобра игра во одбрана, но и поефикасен напад.

Еурофарм Пелистер на крајот славеше со 28-23, а со самото тоа покажа дека до оваа фаза од подготовките се наоѓа во подобра форма.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Хекберт со седум гола, додека Хориха кај Вардар постигна девет гола. Сепак, натпреварот го одбележаа голманите на битолската екипа - Хаидарирад со петнаесет и Брестовац со пет одбрани,

Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 28-23 (14-12)

Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 1.500
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Македонија)
Црвен картон: Урош Митровиќ (Вардар 1961)

Еурофарм Пелистер:
Брестовац, Хаидарирад 1, Манасков 5, Цехте 1, Видомски 1, Тајник, Калед Валид, Хенигман 4, Радивојевиќ, Абутовиќ, Кајалџиевски, Павле Атанасијевиќ 4, Хекберт 7, Пешевски 1, Петар Атанасијевиќ 4, Хаџиќ
Седмерци: 11/8
Исклучувања: 8 минути

Вардар 1961:
Валах, Богдановски, Гогов, Стојановски, Боно 1, Георгиевски 1, Кеита 2, Митровиќ 3, Танкоски, Марчињак 2, Хориха 9, Анастасовски, Талески 2, Кавада, Малус 3, Ќосевски, Јанковски,
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 8 минути

Во последното трето коло од групната фаза, Еурофарм Пелистер утре ќе се сретне со Динамо Панчево.

sponzori 20252026

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723