Еурофарм Пелистер 2 - Пролет 27-16 (10-7)
Ракометарите на Пролет 62 и Еурофарм Пелистер 2 го отворија Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а победата на првиот натпревар замина кај битолскиот состав, кој триумфираше со конечни 16-27 (7-10).
Првото полувреме не понуди некоја извонредна ефикасност и заврши со три гола предност на пелистерци (7-10), а во второто полувреме сликата беше малку поинаква и се разиграа стрелците во победничкиот тим.
Битолчани неколку пати водеа со десет голови разлика, па така конечните 16-27 беа реален отслик на случувањата на теренот. Тунижанецот Азис Махфуд со шест и Баптист Одифред со пет погодоци беа архитекти на победата, во која се истакна и целата одбрана на тимот на Зарков. Кај Пролет се истакна Андреј Стојановски со седум гола.
Домашниот Прилеп во дербито на вечерта славеше над скопски Бутел со 33-28. Димитар Димитриоски со седум погодоци беше прво име на натпреварот.