b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_еурофарм_пелистер_2ж.jpg

Меморијален турнир „Миле Нешкоски“ - Прилеп


Прилеп -- Еурофарм Пелистер 26-32 (17-16)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 триумфираа против Прилеп со 32-26 во финалето на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и го освоија пехарот. Прилепчани беа подобри во првото полувреме и заминаа на паузата со 17-16, меѓутоа тимот од Битола се разигра во вториот дел и ја презема контролата, па славеше со 32-26.

По завршувањето на финалната средба беа доделени и индивидуалните награди. За најдобар голман беше прогласен Мартин Јовановски од Еурофарм Пелистер 2, додека нај-стрелец на турнирот беше домашниот ракометар Димитар Димитриески. Признанието за најкорисен ракометар, МВП, му пропадна на бекот на битолскиот клуб, Христијан Митревски.

Во групната фаза Еурофарм Пелистер 2 славеше убедливи победи над Црвена Звезда и Пролет.

Зарков: Ни следи многу работа, но се наоѓаме на вистинскиот пат

Ние сме млада екипа кои заедно со новајлиите треба дополнително да се воигра. Сметам дека се движиме по вистинскиот пат, но секако дека ни претстои уште многу работа, за да се анулираат недостатоците. Децата работата макотрпно и мислам дека до почетокот на сезоната сè ќе со дојде на свое место. Добро е што Азис уште од зимата се приклучи на екипата, додека Баптист Одифред е школован ракометар и не му требаше многу време за да се вклопи во нашиот систем.

sponzori 20252026

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723