На последниот тренинг пред заминување во Кавадарци и Суперкупот на Македонија против Вардар 1961, пред новинарите зборуваа тренерот Гарабаја и десното крило Хекберт.
Рубен Гарабаја
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите. Мислам дека имавме добра претсезона и најважно е што немавме сериозни повреди. Тоа што се случи се до денес - веќе не е важно. Вистинското натпреварување почнува утре со Суперкупот и ќе видиме поинакви тимови. Ќе видеме поинаков Вардар и сигурно поинаков Еурофарм Пелистер. Се надевам дека нашиот тим ќе биде уште подобар за разлика од подготовките.
Мојата идеја е дека секој играч ми треба за секојј натпревар, а не за цела сезона. Сакам да го користиме секој ракометар на секој натпревар, бидејќи сакаме да играме силно темпо. Имаме добри играчи на сите позиции и ги имаме по двајца или тројца по позиција. Се надевам дека тоа ќе го искористиме.
Рудолф Хекберт
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Многу сум задоволен тука во Битола, задоволен сум со клубот и градот. Соиграчите многу добро ме пречекаа и подготовките ги минавме одлично. Одигравме корисни пријателски натпревари и спремни сме за тоа што доаѓа. А сега доаѓа најдоброто. Мислам дека сме спремни за Суперкупот на Македонија против Вардар.
Имаме многу натпревари пред нас, но ростерот е долг и квалитетен. Мислам дека сите можеме да придонесеме во успехот на колективот. Дојдов да помогнам во овој одличен тим и едвај чекам да почнат официјалните натпревари. За еден спортист дерби натпреварите се нешто посебно. За такви натпревари работиме, тренираме и се жртвуваме. Уште на пријателските натпревари проти Вардар видов дека нема ништо пријателско и мора да се игра сериозно. Едвај чекам да почне натпреварот.