Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со победа над Бутел Скопје среде Скопје со 20-29 ја отвори новата сезона во машката ракометна Суперлига која стартува денес. Еурофарм Пелистер на полувремето имаше предност од +6, која се зголеми во еден момент во вториот дел. Кога тренерот Гарабаја реши да ротира, бутелчани се приближија, но никогаш тоа не беше сериозно дека може да биде загрозена победата.
Петар Атанасијевиќ беше најдобар со десет гола, пред Мирче Калајџиоски со четири гола, додека кај бутелчани, Димитар Узунчев и Дејан Михајловиќ погодија по четири пати.
Во второто суперлигашко коло, Еурофарм Пелистер дома ќе го пречека Пролет.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Прво коло
Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер 20-29 (10-16)
Спортска сала „Антон Димитров“ - Бутел, Скопје
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп)
Бутел Скопје:
Трсунов, Стојановски 1, Субашевски, Ланговски, Тодевски, Јаневски, Новаковски, Спасовски 2, Т. Узунчев 2, Д. Узунчев 4, Киселовски, Каевски 2, Николовски 1, Михајловиќ 4, Козакаи 3, Гришикашвили 1
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Манасков, Цехте 2, Хекберт 2, Тајник, Валид Калид, Радивојевиќ 2, Кузмановски 3, Абутовиќ, Калајџиевски 4, Пет. Атанасијевиќ 10, Пешевски 1, Хосни, Хаџиќ 2, Павле Атанасијевиќ 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути