Продолжува тенденцијата на потпишувањето договори со најталентираните играчи од младинските школи. Уште еден играч доби договор на четири години од матичниот клуб, се работи за левиот бек Тео Спировски, кој мината година беше дел од тимот кој стана кадетски шампион, како и од тимот кој настапуваше на младинскиот завршен турнир на Лигата на шампиони.
Спировски е голем талент и му се предвидува блескава иднина.