Екипата на Еурофарм Пелистер освои бод на гостувањето кај Охрид во натпрварот од првото коло на новиот шампионат на Макеедонија во ракомет (28:28).
Гостите од Битола имаа минимална предност од 13-14 на полувреме, но неизвесноста продолжи до самиот крај, а Охрид имаше предност од еден гол во пресрет на последниот напад на избраниците на Лино Червар. Еурофарм Пелистер успеа да реализира преку Петар Атанасијевиќ и на драматичен начин да избори реми и бод ова ракометно дерби.
Мате и Кузмановски имаа голгетерски дуел на овој натпревар, на кој домашниот ракометар постигна единаесет голови, додека македонскиот репрезентативец го заврши дуелот со десет голови.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Прво коло
Охрид - Еурофарм Пелистер 28-28 (13-14)
Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 2.000
Судии; Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Охрид:
Славиќ, Блажевски, Стрмљан 2, Ојлески 4, Јагуроновски, Јошида 2, Иванковиќ 3, Тасевски, Савревски 2, Мате 11, Лиапис 1, Талески, Зечевиќ 1, Ѓукиќ 2, Ќосевски
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Белистојаноски, Видомски 3, Ристевски, Серафимов, Хенигман 3, Кузманоски, Граховац, Кузмановски 10, Калајџивоски, Петар Атанасијевиќ 8, Пешевски 2, Хакбарт 1, Павле Атанасијевиќ, Татар 1
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 12 минути
Во следнотто второ коло Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека Мукти Есенс.






