Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа на гости кај Струга со 33-25 за втора победа во Суперлигата. Битолчани одиграа одлично прво полувреме против Струга и го добија со 16-9, додека во вториот дел продолжија да ја полнат мрежата на ривалот за да триумфираа со 33-25.
Најефикасен во победничкиот тим беше капитенот Филип Кузмановски со седум голови, додека одличен натпревар имаше Никола Митревски со единаесет одбрани. На спротивната страна најдобар беше Костадин Петров.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Трето коло
Струга - Еурофарм Пелистер 25-33 (9-16)
Спортска сала „Нико Нестор“ - Струга
Гледачи: 500
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Струга:
Јовановски, Костадиновски, Пајкоски, Петров 5, Костоски 2, Рајатовски 2, Јукиќ 4, Ферукоски 1, Родиќ 2, Шилегов 2, Танкоски 2, Георгиевски 3, Крстаноски 1, Манасков, Костоски, Симоноски 1
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Белистојаноски 5, Басанесе 1, Ристевски 4, Серафимов 2, Хенигман 2, Кузманоски 7, Калајџиовски 2, Петар Атанасијевиќ 6, Пешевски 2, Хакбарт, Павле Атанасијевиќ 2, Татар
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Следното коло во четвртото коло Еурофарм Пелистер го игра градското дерби со Еурофарм Пелистер 2.






