Во издание кое со сигурност беше најдобро сезонава, Еурофарм Работник убедливо ја победи Металопластика со 32-21 и со две победи од два натпревари изби на чело на групата Б на СЕХА лигата. На прес-конференцијата по натпреварот пред новинарите зборуваа тренерот Алушовски и крилото Ѓукиќ.
Eурофарм Работник запиша нова победа во СЕХА лигата, откако вечерва ја совлада Металопластика во Битола со 32-21 (15-8).
Битолскиот тим имаше фуриозен старт на мечот, а големи заслуги за тоа одат на адреса на голманот Никола Митревски кој беше фантастичен. Битолскиот тим ја зголемуваше предноста и на одморот замина со позитива од седум голови разлика, 15-8.
Ракометарот на Еурофарм Работник, Ловро Јотиќ е избран во идеалниот тим на второто коло на Лигата на шампионите. Бекот на македонскиот вицешампион постигна осум гола во поразот на битолскиот тим во Шведска против Савехоф со 25-24.
Денес во конференциската сала на спортската сала „Боро Чурлевски“ се одржа прес-конференција пред вториот натпревар на Еурофарм Работник во СЕХА лигата. В понеделник во Битола гостува поранешниот европски првак Металопластика, предводена од тренерот Веселин Вуковиќ.
Почитувани,
Ве известуваме дека продажбата на билетите за следниот натпревар на РК Еурофарм Работник против Металопластика, во рамките на СЕХА лигата, почнува денес во 12:00 часот.
Можете да купите поединечен билет со цена од 250 денари, како и сезонски билет кој чини 1.500 денари.
По добрата игра против Спортинг Лисабон, Еурофарм Работник отпатува со амбиција да победи на гостувањето кај Савехов кој по квалитет е значително послаб тим од португалскиот. Работите се одвиваа одлично на почетокот, битолчани доминираа во првиот дел и по 30 минути игра имаа водство од 10-15.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister