Ракометниот клуб Еурофарм Работник денес го претстави своето најново засилување, а тоа е хрватскиот интернационалец Лука Ковачевиќ. Постигнат е договор за едногодишна соработка и Ковачевиќ кариерата ќе ја продолжи во Македонија. Се работи за 197-сантиметри висок десен бек, кој доаѓа од Викинг Ставангер од Норвешка.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник се грижи за својата иднина и напоредно со реновирањето на сениорскиот тим, потпиша договори и со најталентираните членови на младинската академија на клубот. Имено, ракометарите кои наскоро ќе бидат дел од сениорската екипа добија продолжување на соработката.
Еурофарм Работник веќе го формира тимот за новата сезона 2017/18 со доведување на неколку нови имиња и продолжување на договорите со клучните ракометари. Денес, битолскиот суперлигаш објави дека и наредниот шампионат на крилната позиција нивниот дрес ќе го носи поранешниот репрезентативец Златко Мојсоски.
Дефанзивниот столб на Еурофарм Работник, Фарук Мемиќ потпиша нов договор со битолскиот суперлигаш и се обврза на договор до 2019 година. Искусниот Мемиќ е дел од екипата која предминатата сезона обезбеди пласман во Суперлигата и одигра добра сезона на патот на Еурофарм Работник.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник ги осигура услугите на младиот репрезентативец на Македонија во селекцијата на Илија Темелковски, Дарио Петровски. Битолскиот суперлигаш денес потпиша нов четиригодишен договор со ракометарот кој е изданок на школата на клубот.
Суперлигашот Еурофарм Работник е најактивен на трансфер пазарот ова лето. Црногорскиот репрезентативец Марко Чампар му пристапи на македонскиот претставник во Челинџ Купот, обврзувајќи се на едногодишен договор. Чампар има 25 години, а во Македонија доаѓа од Сату Маре од Романија.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 03, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Август 31, 2025 by RK Eurofarm Pelister