b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_07_гоце_гроздановски.jpg

IN MEMORIАМ: Ѓорѓи Гроздановски - Моцарт (1939 - 2023)

Денешниот ден е тажен ден за нашиот клуб и нашиот град. Утрово во 84-тата година од животот почина една од најголемите легенди на нашиот клуб и на ракометниот спорт на просторите на поранешна Југославија. Ѓорѓи Гроздановски - Моцарт е синоним за РК Пелистер, за развојот на овој спорт и неговата трага е неизбришлива и неповторлива.

59 години работеше во нашиот клуб, менувајќи ги улогите, но не и љубовта и посветеноста кон клупските бои, луѓето, навивачите и приврзаниците на Пелистер.

Со ракомет почна да се занимава во 1955 годин, и професионално играше до 1962 година. Беше тренер на женска екипа од 1962 до 1965 година, а потоа кратко се занимаваше и со судење. Од 1971 до 2013 година беше генерален секретар на РК Пелистер. Сите успеси на клубот во поранешна Југославија се поврзани со неговото име. Немерливи се заслугите на Ѓорѓи Гроздановски за промоцијата во Првата југословенска лига, за првиот настап во Европа, за сезоните во кои нашиот клуб се бореше за титулата со најдобрите екипи во најсилната светска лига. Со него на чело започна доминацијата на Пелистер во македонското првенство, првиот натпревар во Лигата на шампионите, првиот натпревар на македонската репрезентација во историјата, одигран во нашата Битола.

Примерот на Ѓорѓи Гроздановски за посветеност кон клубот секогаш ќе остане на прво место во нашата историја како пример и вредности за посветеност, професионалност, страст.

Вечна слава

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723