b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_03_samba_rudolph.jpg

Бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт е нов член на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер. Десното крило на најдобрата јужноамериканската селекција и четвртфиналист на последното Светско првенство потпиша договор на две сезони и од почетокот на сезоната 2025/26 ќе се приклучи во новата средина.

Се работи за 31-годишен ракометар со многу одличја во дресот на бразилската репрезентација. Рудолф е двоен шампион на Јужна Америка, медалист од Панамериканските игри и стрелец на преку 300 гола за „кариоките“. Во клупскиот ракомет настапуваше во Бразил и Шпанија, а во АСОБАЛ лигата ги носеше дресовите на Ла Риоја од Логроњо, Хуеска и Куенка, клубот од кој доаѓа во Битола.

Рудолф потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на почетокот од подготовките за следната сезона.

sponzori 20252026

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723