Еурофарм Пелистер 2 немаше сили за сензација и загуби од суперлигашкиот лидер Вардар 1961 во првиот натпревар од 13. коло на Суперлигата. „Црвено-црните“ одиграа колку што беше потребно и со комбиниран тим поточно рутински го надиграат ривалот од Битола со 34-24 за задржување на перфекниот учинок.
Домаќините имаат плус три по триесет минути игра (14-11), предност која ја зголемија во вториот дел за плус десет во СЦ „Јане Сандански“.
Стојановски и Марчинијак дадоа по 6 гола, а Гогов имаше 13 одбрани. Кај Еурофарм Пелистер 2, Бојан Гичев запиша 6 реализации.
Ракомет
Суперлига 2025/26
13. коло
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 2 34-24 (14-11)
Спортска сала СЦ „Јане Сандански“ - мала сала
Гледачи: 300
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви
Вардар 1961:
Богдановски, Малах, Гогов, Стојановски 6, Боно 3, Георгиевски 1, Митровиќ 2, Танкоски 1, Марчињак 6, Тузолана, Анастасовски 3, Кавада 5, Пинто 5, Ќосевски, Јанковски 2
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, М. Фехми, Марковски 4, Лозановски 2, Гичев 6, Даневски 1, Митревски 1, Велевски, Шулевски 2, А. Фехми 3, Дамчевски, Славков, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 3, Одфред Баптист 1
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 8 минути
Во следното четиринаесетто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува тимот на Куманово.






