Еурофарм Пелистер 2 загуби уште еден трилер во директен дуел за место во плеј-офот. Екипата на Бранче Ангеловски загуби од Бутел Скопје со 27-26, во меч со големи перипетии и пресврти.
Бевме сведоци на прилично неизвесна игра во првото полувреме, кое не беше и многу ефикасно, а на паузата екипите заминаа со резултат 12-12. За драматичноста на дуелот доволно говори и фактот што ниту еден од ривалите доцна во второто полувреме немаше поголема предност од два гола.
Водството често се менуваше, за во 55. минута повторно да видиме егал-ситуација (22-22). Нерешено беше и до последната минута кога Субашевски погоди за 26-25 на 25 секунди до крајот.
Пелистерци повикаа тајм-аут, па успеаја да реализираат за ново израмнување, но Бутел имаше доволно време од брз центар и победи со голот на Матеј Марковски, кој ги постави конечните 27-26 на четири секунди до крајот.
Лука Јовиќ беше најдобар кај победниците со единаесет гола од четиринаесет обиди, а ист учинок кај Еурофарм Пелистер 2 имаше Давид Димевски.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Десетто коло
Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер 2 27-26 (12-12)
Спортска сала: „Антон Димитров“ - Бутел, Скопје
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски
Гледачи: 100
Бутел Скопје:
Богдановски, Чаневски, Субашевски 4, Симовски, Д. Ѓорѓиевски 3, Лешниковски, Стаменковиќ, Јаневски, Костов, Јовиќ 11, Марковски 1, Каевски, Николоски 4, Михајловиќ, Трсунов 4, Тодески
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 14 минути
Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Трајков, Младенов, Димевски 11, Стојков 2, Велески, Митревски 3, Гутиќ 1, Шулевски, Лазаревски 3, Илиески 5, Ѓорѓиев, Ј. Симоновски, Крстевски, Дрогришки 1, Л. Ѓорѓиевски
Седмерци: 8/5
Исклучувања: 16 минути
Во следното еднаесетто коло Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Прилеп.






