b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_12_gcjhvhvkj.jpg

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, очекувано славеше против Струга со 22-42 во првиот натпревар по раскинувањето на договорот со тренерот Рубен Гарабаја. Натпреварот од 15. коло од Суперлигата се одигра во Битола, наместо претходно најавеното во Струга. Стручниот штаб на битолчани им даде слободно попладне на Хаидарирад, Абутовиќ, Манасков, Радивојевиќ, Хосни и Пешевски.

Пелистерци мечот го реши во првото полувреме по кое имаше предност од +6, а во вториот набрзина дојде до двоцифрено водство за мирен финиш. Очекувано се штедеа сили, па голем дел од ракометарите не се најдоа во составот, а и оние стандарните беа на клупа.

Никола Митревски беше на голот во второто полувреме и запиша 11 одбрани, додека Давид Брестовац бранеше во првиот дел и имаше 8 интервенции. Прв стрелец беше Петар Атанасијевиќ со 12 гола, зад него беше Кузмановски со седум. Кај поразениот тим Стефан Атанасовски запиша осум гола.

Ракомет
Суперлига 2025/26
15. коло

Струга - Еурофарм Пелистер 22-42 (14-20)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Иван Илиевски и Александар Шукоски

Струга:
Тутенкоски, Пејоски, Ѓурѓевиќ, Мечкароски 3, Костов 4, Клењоски, П. Ферукоски 2, Вељаноски 1, Пејоски, Димовски, Мајдуб 2, Костоски 1, Савески, Талевски, Атанасовски 9
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Видомски 4, Ристевски 1, Хакбарт 4, Тајник 2, Калид Валид, Хенигман 1, Кузмановски 7, Абутовиќ, Калајџиовски 5, Пет. Атанасијевиќ 12, Пешевски, Хосни, Хаџиќ 3, Пав. Атанасијевиќ 3
Седмерци: 3/3

Во следното 16. коло Еурофарм Пелистер в среда ќе го пречека тимот на Вардар 1961.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723