b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_02_никола_граховац.jpg

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, дополнително се екипира за остатокот на сезоната. Клубот доведе нов кружен напаѓач, со што ја пополни празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на почетокот од годината.

Наш нов член е хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац. 27-годишниот пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната. Тој доаѓа во Битола од бундеслигашот Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. 201-сантиметар високиот Граховац има искуство од настапите на големата сцена, бидејќи во Лигата на шампионите играл за Загреб и Веспрем, а негов прв клуб е Дубрава.

Никола Граховац е хрватски репрезентативец, со настап на Европското првенство 2022 година и Олимписките игри 2024 година. Со јуниорската репрезентација на Хрватска стана европски вицешампион во 2016 година. Се работи за модерен прототип на пивотмен, кој ќе биде дополнителна вредност во периодот кој престои.

Најновото засилување до крајот на неделата ќе биде официјално претставен пред јавноста и медиумите.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723