b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_02_alkus_wisla.jpg

Во својот единаесетти натпревар во групата Б од ЕХФ Лигата на шампионите ракометарите на Еурофарм Пелистер на домашен терен загубија од Висла Плок со 28-25. По првото полувреме гостите имаа предност од четири голови разлика (13-9) во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

По натпреварот импресиите ги споделија двата тренери - Алушовски и Сабате.

Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Не го отворивме мечот како што посакувавме и не одигравме дел од она што се договаравме претходно. Малку време сме заедно, се обидовме да покажеме добар карактер и прилично сум задоволен од враќањето на само еден гол разлика. Некои делови во нашата игра не одговараа на нивото на Лигата на шампионите, а не ни одеа во прилог ниту уморот на репрезентативците и неколкуте повреди што ги имаме. Треба да извлечеме поука од денешниот меч и да продолжиме со макотрпната работа. Не сум незадоволен од одбраната, а бевме безидејни во нападот. Ни треба време, но го немаме. Ќе мораме да реагираме брзо и да се подобруваме во од. Јас сум оптимист, со ваков карактер можеме да се надеваме на нешто повеќе, иако денес прикажаното не беше доволно за успешен резултат.

Хавиер Сабате

(тренер на Висла Плоцк)
Мислам дека одигравме фантастично прво полувреме. Бевме извонредни во одбрана, а имавме и расположен голман меѓу стативите. Прикажавме цврстина и мислам дека заслужено ги освоивме бодовите. Во нападот не бевме лоши, иако можевме да бидеме и подобри. Пелистер се подобри во вториот дел, пружи силен отпор, а тоа се докажа и со неколкуте наши технички грешки. Застанавме во нападот во одредени моменти, тоа е веројатно плод на паузата по завршувањето на Европското првенство, но ќе ја вратиме потребната кондиција. Повторувам, сите ги сакаме бодовите, но за нас овие беа многу важни. Пелистер беше и на само гол негатива, но успеавме да го заокружиме мечот во наша полза.

До крајот на групната фаза пелистерци играат си ГОГ Гудме и Барселона во гости и со ПСЖ на домашен терен.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723