b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_09_larioha.jpg

Еурфарм Пелистер важеше фаворит во воедното коло во Европската лига на ЕХФ, но разочара и загуби во спортската сала „Боро Чурлевски“ од Логроњо Ла Риоха со 24-31 (14)

Битолските фанови беа сведоци на многу лош натпревар од домашните ракометари на технички план, а големиот број грешки значително му ја олеснија работата на шпанскиот тим. Почетните 0-5 за Шпанците направија Пелистер постојано да брка резутлат и да биде во подредена улога, а ваквиот тек на настаните продолжи да се движи и до крајот на првиот дел.

Ла Риоха профитираше од секоја грешка на домаќините и на 15 минути пред крајот го реши прашањето околу победникот (17-25), па така во финишот Пелистер успеа само да се избори за малку подостоен пораз.

Голманот Ледо беше прво име на натпреварот со 21 одбрана и 4 гола, Алваро Мартинез беше најефикасен кај победничкиот тим со шест гола, додека во лошиот меч на Еурофарм Пелистер, најефикасни беа Ристевски и Петар Атанасијевиќ со по четири реализации

Ракомет

Европска лига 2026/27

Г група

Прво коло

Еурофарм Пелистер - Логроњо Ла Риоха 24-31 (8-16)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола

Гледачи: 3.300

Судии: Андреас Борје и Магнус Нигрен

Црвен картон: Хенигман (Еурофарм Пелистер) и Јефтиќ (Логроњо Ла Риоха)

Еурофарм Пелистер:

Митревски, Хаидарирад, Ристевски 4, Пет. Атанаосијевиќ 4, Калајџиевски 3, Видовски 2, Серафимов 2, Хенигман 2, Пешевски 2, Хакбарт 2, Колаковиќ 2, Пав. Атанасијевиќ 1, Белистојановски, Кузманоски, Граховац, Кузмановски

Седмерци: 1/1

Исклучувања: 4 минути

Логроњо Ла Риоха:

Ледо 4, Кансио, А. Мартинез Лобато 7, Оливеира 4, Ломбарди 4, Пресиадо 3, Дантони 3, М. Мартинез Лобадо 3, Гарсија Дуо 2, Јевтиќ 1, Зарзуела, Галан, Јунг, Саиз Родригез, Поповиќ

Седмерци: 5/3

Исклучувања: 10 минути

Во второто коло следната недела битолчани гостуваат кај Гдањск во Полска.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723