b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_11_OH-PEL-107.jpg

Ракометниот дуел помеѓу Еурофарм Пелистер и полскиот претставник Вибжеже Гдањск претставува интересен судир на два тима со богата традиција и препознатлив стил на игра. Еурофарм Пелистер се потпира на агресивна одбрана 6-0, брза транзиција и искуство на бековската линија, додека Вибжеже Гдањск го негува класичниот полски ракомет – физички силен, со цврсти дуели во средината и шутеви од далечина.

Пред нивниот втор дуел сезонава зборуваа тренерот Лино Червар и десниот бек Анжеј Видомски.

Лино Червар
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)

За нас овој меч е голем предизвик. Во неколку дена да се играат три натпревари, три дерби-дуели. Тоа сè уште никогаш во животот не сум видел дека може да се случи, но што е тука е. Мора да дадеме сè од себе за да можеме да ѝ парираме на екипата на Гдањск, која сè уште нема пораз. Ни следи голема битка, но ќе се обидеме да го добиеме тој натпревар. Нема да биде лесно, но со помош на публиката... Ако ни дадат поддршка како против Гумерсбах, тогаш мислам дека имаме шанси. Секогаш има шанси кога имаш таква публика. Играат брз центар, ќе ни биде многу важно да се враќаме во одбрана. Сите мора да бидеме полни со многу оптимизам и да ѝ помогнеме на нашата екипа, а екипата мора да даде сè од себе за да може да се победи таков противник

Анжеј Видомски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Мислам дека го заборавивме Алкалоид и треба да се фокусираме на овој натпревар. Го анализираме овој последен натпревар, ги издвоивме работите што ги направивме лошо и што ги направивме добро. Не можеме да размислуваме за тоа што се случило, сега треба да се фокусираме само на овој натпревар. Последниот меч беше тежок, уморни сме, но треба добро да се подготвиме и да го дадеме најдоброто од себе. Гдањск има многу добри млади и искусни играчи. Сакаат да го играат тој шпански стил, па во одбрана прават пресинг од број два до број пет. Во напад играат до крај со полна сила. Мислам дека тоа е нивното најдобро оружје.

Играме тежок натпревар, но тоа е добро за нас. Тежок натпревар го гради нашиот менталитет. Сакаме да играме под притисок, а и играме дома. Па, ако нашите навивачи ни помогнат, а сигурно ќе ни помогнат, ова може да биде навистина, навистина добар натпревар за нас.

Натпреварот ќе го судат словачките судии Зоран Клус и Борис Чипов, додека делегат е Унгарецот Гергељ Ватај.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723