Со огромно задоволство ја информираме спортската ракометна јавност дека поранешниот селектор на македонската ракометната репрезентација, прославениот голман и поранешен тренер на РК Пелистер, Стевче Стефановски е именуван за координатор на сите младински категории во РК Еурофарм Пелистер.
Новиот систем на натпреварување ќе ја остави Македонија со само еден тим во Лигата на шампионите, по подолго време.
По денешната распределба на местата во Лигата на шампионите, извесно е дека Еурофарм Пелистер ќе игра во групната фаза на Лига Европа. Место во ова натпреварување обезбедија уште Висла Плок, Мотор Запорожје, Бешикташ, Адемар Леон, Шафхаузен, ГОГ Гудме и Спортинг Лисабон.
Македонскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер го доведе седмото засилување за сезоната 2020/21. Клубот постигна договор со ППД Загреб и го откупи договорот на младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески. 19-годишното десно крило стави потпис на тригодишен договор со Еурофарм Пелистер. Овој млад ракометар кариерата ја започна во Струга, а од минатата сезона се пресели во Хрватска.
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 денес го претстави своето најново засилување. Нов член на суперлигашот од Битола е десното крило Никола Стоилевски. Младиот Стоилевски доаѓа од екипата на Металург 2 од Скопје, има 21 години и беше најдобриот стрелец во екипата минатата сезона.
Македонскиот вицешампион и минатата сезона претставник на нашата земја во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го продолжува процесот на засилувања за сезоната 2020/21. Од денес нов член на битолскиот суперлигаш е младиот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар.
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер обезбеди уште едно, петто засилување за новата сезона. Битолската екипа се засили со Томислав Кушан, кој претходно настапуваше за Натурхаус Ла Риоха во минатите три сезони. Хрватскиот интернационалец потпиша двегодишен договор со македонскиот клуб.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister