Повеќе...

Битолски Еурофарм Пелистер од денес е побогат за уште еден ракометар. Нов член на клубот е босанскиот интернационалец Јосип Периќ, репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од Бундеслигата. 27-годишниот Периќ доаѓа во Битола од бундеслигашот Гепинген и потпиша двегодишен договор со македонскиот вицешампион.

Повеќе...

Откако минатата недела потпиша со македонскиот репрезентативец Марио Танковски, РК Еурофарм Пелистер денес ја продолжи соработката со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Невен Стјепановиќ. Овој ракометар потпиша договор со важност до 2021 година и најмалку уште една сезона ќе игра во спортската сала „Боро Чурлевски“. Искусниот бек пристигна во Битола од Спортинг и минатата сезона беше важен дел од екипата се до повредата против Мешков Брест во СЕХА Гаспром лигата.

Повеќе...

Младиот перспективен Марио Танкоски од вчера е нов играч на Еурофарм Пелистер. Танкоски е роден во Струга, има 21 година, игра централен бек и важи за еден од најперспективните играчи во нашата земја.

Повеќе...

Македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер денес го претстави првото засилување за сезоната 2020/21. Нов член на битолскиот суперлигаш е 21-годишниот репрезентативец на Македонија, Марио Танковски. Средниот бек денес пристигна во клупските простории во Битола, потпиша тригодишен договор и клубот го официјализираше трансферот.

Повеќе...

Почитувани

Во време на големата светска пандемија од коронавирусот и сите предизвици кои ги носи борбата против ковид 19, менаџментот и вработените во ЕУРО-ФАРМ секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со кризата на територија на Република Северна Македонија.

Повеќе...

Со четирите победници на првата фаза од Купот на Македонија, комплетиран е списокот на 16 учесници во четвртфиналната фаза.

Пред ждрепката определени се квалитативните шешири, а Еурофарм Пелистер се наоѓа во првиот шешир. Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 ждрепката ќе ја чека од третиот шешир.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723