Во 78 година од животот почина основоположникот и легендарен претседател на РК Пелистер, Силјан Мицевски. Силјан Мицевски е роден на 16 октомври 1945 година во Битола. Магистрирал во Софија, на отсекот Економија и менаџмент, со што се стекнал со титулата магистер по менаџмент.
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја известува јавноста и своите приврзаници дека спогодбено го раскина договорот со српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Десет месеци по неговото доаѓа во нашиот клуб од Мешков Брест, левиот бек ќе тргне по нов предизвик, за што му посакуваме успеси и многу среќа.
РК Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката. Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на нашиот клуб и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона.
Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска ракометна репрезентација Наум Танески го објави списокот на повикани ракометари за собир и настап и претстојниот квалификациски турнир за пласман на Eвропското првенство за ракометари до 18 години. Од тимот на Еурофарм Пелистер 2 повикани се Марко Димовски и Самоил Ристевски, а на списокот резерви е Иван Младенов.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман.
Напоредно со разигрувањето за титулата, од февруари 2024 година започнуваат возбудувањата во никогаш понеизвесниот плеј-аут. Осум екипи ќе се борат за што е можно подобра позиција. бидејќи по новите промени и намалување на лигата, само две места од плеј-аутот имаат место во шампионатот на елитната категорија за сезоната 2024/25.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister