Од пред два дена познато е кој ќе игра во плеј-оф, а кој во плеј-аут фазата во Суперлигата за сезоната 2023/24. За зачувување на суперлигашкиот статус во елитата ќе се борат четири клубови од Скопје и четири клубови од внатрешноста на Македонија. Еурофарм Пелистер 2 пренсува максимални три бода.
Еурофарм Пелистер 2 победи во Куманово, но и покрај тоа не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот со оглед дека Струга го совлада Аеродром на домашен терен. Куманово имаше добар старт, поведоа со 5-2, меѓутоа тоа беше сигнал за гостите да заиграт подобро, па направија веднаш рпесврт. Со мали падови, Еyрофарм Пелистер 2 го држеше водството и го задржа до крајот.
Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер славеше победа против Прилеп со 33-38 од рамките од 14. коло во Суперлигата. Битолскиот тим од почетокот до диктираше темпото и поведе со 7-12 на полувреме од првиот дел, а таа предност од пет гола ја одржуваше и до паузата кога на семафорот стоеше 15-20.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ одигра неверојатен натпревар и во Купот на Македонија против Шампион постигна 32 гола (57-16). Младинскиот македонски репрезентативец имаше ден кој долго ќе го памети бидејќи вистинска реткост е да се постигнат голку голови на еден натпревар.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја прескокнаа првата пречка во Купот на Македонија и се пласираа за четвртфиналните групи на најмасовното натпреварување. Тимот на Михаил Петровски извојува победа против прволигашот Овче Поле со 48-23.
Составот на Еурофарм Пелистер не успеа да оствари позитивен резултат на соочувањето со Загреб во Лигата на шампионите, средба која ја загубија со еден гол разлика 22-23.
Актуелниот македонски првак се бореше низ сите шеесет минути, но и овојпат му фалеше одредена нијанса, потег за да дојде до првиот бод/бодови во елитното натпреварување. Според тренерот Бранислав Ангеловски овој негативен резултат се должи на две работи, лошата реализација во првиот дел и бавното враќање во одбрана во второто полувреме.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister