Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на нашиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион.
Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во словенечкиот шампионат.
Официјалното претставување на Мехемдовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27.






