b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_11_PEL1-245.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го пречекуваат германскиот Гумерсбах во натпревар од 4. коло на групата Ф во Европската лига, во дуел кој може да биде пресуден за амбициите на битолчани за пласман во следната фаза. Ова е втор меѓусебен дуел меѓу двата тима во оваа групна фаза. Во 3. коло Гумерсбах славеше на домашен терен со убедливи 38-28 (20-15), па битолскиот состав има силен мотив да се реваншира пред својата публика.

Дуелот го најавија тренерот Червар и репрезентативецот Ристевски.

Лино Червар
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)

Ја користам приликата да ѝ се заблагодарам на публиката за трпението. Јас знам дека сите би сакале многу, но мислам дека мораме да одиме чекор по чекор. Тежок ќе биде тој натпревар. Германците доаѓаат без Рогановиќ, но и без него се една силна екипа која може рамноправно да игра со која било екипа. Гумерсбах е екипа составена од многу квалитетни играчи собрани од цела Европа. А тоа не се само обични играчи, тоа се играчи кои завршиле школа за ракомет, ги зеле најдобрите играчи од други земји. Во Бундеслигата играат баш врвните играчи и нема да биде лесно. Но, тие можеби се фаворити, но ние мораме да покажеме волја и желба. Мора да бидат борбата и волјата поголеми.

Самоил Ристевски
(РК Еурофарм Пелистер)

Мислам дека не треба да си ставаме никаков притисок за овој натпревар. Тука, во нашата сала, пред наши гледачи, ние секогаш ќе го даваме нашиот максимум и секако дека се стремиме кон најдобар можен резултат против екипата на Гумерсбах. Оваа екипа игра во најсилната лига на светот. Мислам дека се и еден од најдобрите тимови во таа Бундеслига. Имаат многу повеќе добри отколку лоши страни, но секако дека ние ќе пробаме да ги извлечеме тие лоши страни и да пробаме да ги искористиме максимално за натпреварот. Дојдете во што поголем број, тоа многу ни значи и ветувам игра на победа против Гумерсбах.

По првите три одиграни кола, германскиот бундеслигаш е лидер на табелата во групата (во која уште се натпреваруваат и шпанската Ла Риоха и полскиот Вибжеже Гдањск). За избраниците на Лино Червар, ова е најважниот натпревар во досегашниот дел од европската сезона и шанса со победа да се вратат во игра за местата кои водат понатаму.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723