Повеќе...

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за подготовките и настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот се повикани шест ракометари на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски (капитен на репрезентацијата), Павле и Петар Атанасијевиќ, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски и Ненад Костески. На резервната листа се Цветан Кузманоски, Самоил Ристевски и Емилијан Ѓорговски.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфално ја завршија оваа календарска година, откако во последниот меч во декемвриската програма како гости го совладаа тимот на Пролет со 23-37. Битолчани одиграа квалитетен меч во кој целосно го контролираа резултатот, освојувајќи заслужени бодови со кои остануваат во трката за првото место во Суперлигата пред почетокот на плеј-офот.

Избраниците на Раул Алонсо беа предводени од Цветан Кузмановски, Павле Атанасијевиќ и Ненад Костевски, кои го завршија мечот со по шест, односно десет погодоци.

Пелистерци ја забележаа четиринаесеттата победа сезонава, додека Пролет останува на учинок од пет триумфи, четири нерешени средби и шест порази. За суперлигашите следува зимската пауза, а возбудувањата ќе продолжат на почетокот од февруари следната година.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 35-33 во дербито на колото во домашниот ракометен шампионат. Вечерва во Битола домашните на полувреме имаа големи +9, но во вториот дел целосно потфрлија, па Вардар во финишот се приближи и на еден гол разлика, но не успеа да направи целосен пресврт.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 13. коло од прволигашката конкуренција дојдоа до убедлива победа над Металург РА со 41-19.

Најефикасни во победничката екипа беа Мирче Калајџиовски со осум и Стефан Дрогришки и Ненад Белистојаноски со по шест гола.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 12. коло од прволигашката конкуренција славеa во Автокоманда кај младиот Мулти Есенс со 22-31. Предводник кај Еурофарм Пелистер 2 беше младинскиот репрезентативец Ненад Белистојановски со 13 гола, а кај домаќините прво име беше Александар Стојков со девет гола.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер го совлада Бисинов Фриут Ленд од Велес со 45-31 во првиот натпревар од 14. коло на Суперлигата. Велешкиот тим одигра одлично прво полувреме и на одмор се замина со само +2 за домаќинот (21-19). Сепак, во вториот дел до израз дојде квалитетот кој е на страната на битолскиот тим.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723