Екипата на Еурофарм Пелистер освои бод на гостувањето кај Охрид во натпрварот од првото коло на новиот шампионат на Макеедонија во ракомет (28:28).
Гостите од Битола имаа минимална предност од 13-14 на полувреме, но неизвесноста продолжи до самиот крај, а Охрид имаше предност од еден гол во пресрет на последниот напад на избраниците на Лино Червар. Еурофарм Пелистер успеа да реализира преку Петар Атанасијевиќ и на драматичен начин да избори реми и бод ова ракометно дерби.
Новиот проект на Еурофарм Пелистер започна со пораз од првакот Вардар 1961 во Скопје со 31-19. Екипата на Бранислав Ангеловски не можеше да парира против моќниот и засилен тим на Иван Чупиќ.
Младиот црногорскиот ракометар Данило Гутиќ е нов член на РК Еурофарм Пелистер 2. Раководството на клубот денес го претстави својот нов ракометар со напомена дека Гутиќ ќе биде едионствен странец кој ќе го носи дресот на вториот тим на ракометниот гигант од Битола.
Ракометнa регионална лига
А група - Трето коло
Еурофарм Пелистер - Дубочица 38-24 (18-13)
Три од три за новиот проект на Еурофарм Пелистер на Лино Червар. Еурофарм Пелистер ја победи Дубочица со 38-24 во натпревар од Регионалната игра. Пелистерци со лесен триумф се загреаа за за новата сезона во македонското првенство. Дубочица не беше дораснат противник за битолчани.
Регионална лига
Еурофарм Пелистер - Ловќен 45-33 (24-15)
Со две победи од два натпревари Лино Червар ја започна својата авантура во Битола. Еурофарм Пелистер со убедливи 45-33 (24-15) го победи Ловќен во натпревар од второто коло во Регионалната ракометна лига.
Регионална ракометна лига
Прво коло
Еурофарм Пелистер - Партизан 35-31 (20-13)
Новата сезона за битолски Еурофарм Пелистер започна перфектно. Лино Червар ја оствари првата победа на клупата на пелистерци, откако славеше на дебито во Регионалната ракометна лига. Во салатата „Боро Чурлески“ вечерва падна Партизан, откако пелистерци триумфираа со 35-31 (20-13).

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 02, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 02, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 29, 2026 by RK Eurofarm Pelister