Бутел, воден од поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер, Горан Кузманоски сериозно го намачи шампионот, но бодовите сепак заминаа за Битола.
Битолчани добро се намачија да дојдат до победата, со оглед дека во одредени делови од првиот дел беа во негатива, а на полувреме се замина со „егал“ (13-13).
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумите работници за натпреварот од десеттото коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб (7 декември – 18:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
РК Еурофарм Пелистер во склоп на својата транспарентна и отворена врска со своите приврзаници ја информира јавноста дека поднесе официјална жалба на арбитражата на француските судии Карим и Рауф Гасми на натпреварот од осмото коло од групата А на Лигата на шампионите против ПИК Сегед.
Еурофарм Пелистер претрпе минимален пораз во Лигата на шампиони, шампионот на Македонија загуби во пресметката со Пик Сегед, гостите со гол во последните секунди славеа со 27-28. ПИК Сегед ја доби драмата во Битола, откако Зита со гол во последните секунди го остави Пелистер без бод.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја пропуштија шансата да го освојат првиот бод во европската Лига на шампионите.
Вечерва битолчани немаа спортска среќа и беа поразени од Пик Сегед со 27-28 (12-15). За разлика од претходните средби, кога пелистерци добро стартуваа а лошо финишираа, вечерва одиграа одлично второ полувреме кое можеше да заврши со победа доколку судиите од Франција не направеа грешки кои директно влијаеа на текот на натпреварот.
Европската фудбалска федерација ги одреди официјалните лица на натпреварите од осмото коло на Лигата на шампионите. Дуелот меѓу македонскиот првак Еурофарм Пелистер и унгарскиот вицешампион ПИК Сегед доаѓаат од Франција. Браќата Карим Гасми и Рауф Гасми ќе ја делат правдата, додека делегат ќе биде Алин Сергиу Чирлигеану од Романија.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister