b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_11_sportting1.jpg

Спортинг Лисабон - Еурофарм Пелистер 27-27 (14-16)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа 27-27 на гостувањето кај Спортинг Лисабон во петтото коло од Лигата на Европа, иако победата ја имаа во своите раце.

Битолчани во последната минута влегоа со предност од еден гол и напад, но грешката ги чинеше победа, и искачување на првото место на табелата во групата Д. Домашниот тим го постигна првиот гол на натпреварот преку Антонио Суарез, но Еурофарм Пелистер со двата гола на Табоада и на Божиќ Павлетиќ поведе со 1-3. Во деветтата минута со голот на Периќ, битолчаните поведоа со три гола разлика (2-5). Во наредниот период се играше гол за гол, за на средината од првиот дел, Спортинг со серија од 3-1 дојде до изрманување на 9-9. Сепак, Периќ и Табоада во нападот и Секељи во нападот донесоа ново одлепување и 14-16 на крајот од првиот дел.

Во второто полувреме Еурофарм Пелистер на двапати водеше и со четири гола разлика, но финишот беше лош. Во последната минута битолчани имаа напад при водство од еден разлика со играч помалку, и тргнаа без голман. Тоа се покажа како грешка, Спортинг ја одзема топката и погоди на празниот гол за израмнување 27-27. Останаа уште десетина секунди за напад, но Пелистер не ги искористи и ударот на Периќ заврши преку голот.

Табоада со седум постигнати голови беше најпрецизен кај Еuрофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ даде пет гола, Јосип Божиќ Павлетиќ четири, додека на голот Мартон Секељи собра осум одбрани. Кај домашниот тим, Шенгарт и Карлос Руесга постигна постигнаа по шест гола.

По пет кола, Еурофарм Пелистер е трет на табелата со шест бода, додека Спортинг и Ним се на челната позиција со еден бод повеќе. Во наредното коло кое ќе се игра за седум дена, пелистерци во Битола го пречекуваат вечерашниот противник.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723