b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_ppbt.jpg

Ракомет – Суперлига (22. коло)
Еурофарм Пелистер – Прилеп 33-20 (13-6)

Еурофарм Пелистер без никакви проблеми дојде до убедлив триумф над Прилеп од 33-20 (13-6) во првиот натпревар од последното 22. коло од регуларниот дел на најсилната ракометна лига. Битолчани комплетно доминираа во салата „Боро Чурлевски“ од самиот почеток на натпреварот, наметнувајќи резултатска предност која на полувремето изнесуваше седум гола разлика.

Бабиќ го изротира тимот и шанса им даде на сите ракометари, па и на младиот Ризоски. Слободно попладне добија Кукоски и Периќ, кои беа на клупата, но не добија шанса. По неиграњето на три натпревари, Божиќ Павлетиќ и Мараш се вратија во тимот, но уште надвор од стројот се Велковски и Обрадовиќ.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 3, Маркоски 1, Маџовски 2, Кукуловски 3, Мандалиниќ 3, Радовиќ 2, Танкоски 4, Периќ, Костески 5, Ризоски 1, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 6, Граџан 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути

Прилеп:
Јордановски, Дамчевски, Бикоски 4, Трајковски, Ангелески, Адамчески, Шокоски 4, Бурчески, Лозаноски 2, Карафилоски, Гичев 1, Павлов 3, Христовски, Гавашелишвил 4, Стојкоски, Андоноски 2, Кузмановски, Лашковски
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 4 минути

Веќе следната недела Еурофарм Пелистер има нов сериозен тест на европска сцена, му гостува на унгарскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, Татабања.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723