b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_03_1646171557322.JPEG

Еурофарм Пелистер по третпат сезонава загуби европски натпревар, откако во Унгарија наиде на многу потежок отпор од Татабања и загуби со 25-21, во 9. коло од Европската лига.

Тренерот Жељко Бабиќ му честита на својот колега Драган Ѓукиќ и кажа дека неговата екипа многу се потрошила за да се справи со перфектната одбрана на Унгарците.

„Нивото на натпреварот беше високо, но ние потрошивме многу енергија во одбраната, не трчавме многу и не ги користевме брзите контри. Не е лесно да се игра 'шест на шест', тие играа цврста одбрана, со многу енергија и срце и затоа ни создадоа вакви проблеми. Не сум ја видел Татабања вака добра во одбрана оваа сезона“, изјави Бабиќ.

Пелистерци беа силни ослабени, бидејќи на овој дуел играа без Обрадовиќ, Табоада, Велковски и Маркоски.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723