b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_03_euro_tikves.jpg

Ракомет – Суперлига
(плеј-оф) – прво коло

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 30-25 (15-11)

Иако играа без неколку стандардни првотимци (Периќ, Куковски, Велковски, Маркоски), ракометарите на Еурофарм Пелистер не му оставија простор на Тиквеш за изненадување на стартот на плеј-офот. Пелистерци поведоа и до 20. минута одговараа на реакциите на Симиќ и Дрогришки. Следеше период на Секељи и голови на Табоада и +4 на крајот од првиот дел.

Моментот кој го прекрши натпреварот беше централната фаза на вториот дел кога Ојлески постигна два гола и предноста порасна на 28-20. До крајот Трпчевски и Дрогришки само го ублажија поразот. Табоада со седум и Божиќ Павлетиќ со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, додека најдобри стрелци во таборот на Тиквеш беа Дрогришки со шест и Кондев и Трпчевски со по пет погодоци.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 3, Маџоски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 4, Радовиќ, Танкоски 2, Костески 1, Куковски, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 4, Обрадовиќ 1, Табоада 7
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 6 минути

Тиквеш:
Стојаноски, Лазов, Дрогришки 6, Темелкоски, Велков 1, Соколов, Иванов, Стефановиќ 4, Гошевски 1, Милков, Кондев 5, Окардов, Коцев, Симиќ 3, Јанчев, Трпчевски 5
Седмерци: 5/1
Исклучувања: 8 минути

Во вторник Еурофарм Пелистер го пречекува АЕК Атина во последниот натпревар од групата Д на ЕХФ Лига Европа.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723