b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_03_pelohh.jpg

Ракомет
Куп на Македонија
Четвртфинале

Еурофарм Пелистер – Охрид 27-21 (14-11)

Еурофарм Пелистер е третиот патник на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако вечерва ја доби пресметката со Охрид и ја оправда фаворитската улога. Битолскиот тим стигна до посакуван триумф, но мораше да се помачи за такво нешто бидејќи Охрид се покажа како незгоден противник, особено во првото полувреме.

Главната разлика се направи на средина на вториот дел кога „пелистерци“ отидоа на плус седум на семафорот, по што стана јасно дека нема враќање назад за гостите од Охрид.

Квалитетот дојде до израз кога беше најпотребно и избраниците на Бабиќ ја оправдаа фаворитската улога од хартија и на теренот. Хрватите Мандалиниќ со осум и Божиќ Павлетиќ со шест гола беа најефикасни ракометари во победничкиот табор.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.500
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески, Маркоски 2, Маџовски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 8, Танкоски, Костески, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 6, Граџан 4, Обрадовиќ, Табоада 4
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути

Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски 2, Кривокапиќ 2, Костов, Николов 2, Шилегов 7, Ковачески, Шулески, Младеновиќ 2, Никола Ристески, Тасески 1, Грубор 1, Манасков 2, Ивановски 2, Николче Ристески
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 2 минути

На завршниот турнир во мај сигурно место имаат и Вардар 1961 и Бутел Скопје, а последниот патник ќе произлезе од дуелот Прилеп - Еурофарм Пелистер 2.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723