b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_03_pelprolet.jpg

Ракомет
Куп на Македонија
Четвртфинална група

Пролет – Еурофарм Пелистер 2 20-28 (8-11)

Иако играше без неколку стандардни првотимци заради повреда, тимот на Еурофарм Пелистер 2 третпат оваа сезона го совлада Пролет, овојпат во елиминационен натпревар од Купот и направи чекор понапред за разлика од минатата сезона, пласирајќи се во четвртфиналето. Момците на Јовиќ го „скршија“ натпреварот во раната фаза на вториот дел, кога се одлепија на +6 и не погледнаа назад.

Одбраната и Трајкоски беа феноменални, а репрезентативците Кузманоски и Ѓорговски до врв ја наполнија мрежата на Пролет. Удобното водство му овозможи на тренерот Јовиќ и да одмори дел од првимците во завршните десет минути, но тоа воопшто не се одрази врз резултатот, па Еурофарм Пелистер 2 заслужено стигнаа до преубедлива победа.

Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Пролет:
Петковски, Цветковски, Тотиќ 1, Манев, Пецаковски, Донев 1, Доневски 2, Димов, Андоновски 1, Џонов 4, Мајнов, Крстевски 1, Голубовиќ 2, Фичорски 2, Палевски 4, Пејовиќ 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Кузманоски 7, Николовски, Буторац 3, Павле Атанасијевиќ 1, В. Димитровски, Митревски 2, Стоилевски, Петар Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 5, Белистојановски, Ѓукиќ 5, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 6/5
Исклучувања:12 минути

Во натпреварот кој е последна пречка пред пласманот на завршниот турнир во мај, Еурофарм Пелистер 2 ќе се сретне со Прилеп, кој попладнево го надигра Голден Арт.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723