b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_03_gbxd.jpg

Ракомет
Куп на Македонија
Четвртфинале

Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 22-38 (11-20)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 е последен патник на завршниот турнир на Купот на Македонија во ракомет, кој ќе се одржи на 14 и 15 мај. Попладнево во Прилеп, екипата на Александар Јовиќ го декласира домашниот тим на Прилеп, на идентичен начин како што тоа го стори во есенскиот дел на шампионатот.

Доминираше брзата игра и многуте голови, а ѕвезда на вечерта беше младиот Белистојановски, автор на девет гола.

Спортска сала „Ристе Ристески-Ричко“ - Прилеп
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Прилеп:
Ѕинѕанзе, Дамчевски, Рустамов 1, Биковски 2, Трајковски 1, Ангелески, Мирчевски 4, Павлов 2, Шокоски 6, Бурчески, Лозановски, Чантуријац 2, Гичев 1, Христоски, Габашелишвил 1, Андоноски 2
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузмановски, Николовски, Буторац 3, Пав. Атанасијевиќ 3, В. Димитровски, Митревски 2, И. Димитровски 1, Стоилевски 2, Пет. Атанасијевиќ 6, Ѓорговски 7, Белистојановски 9, Ѓукиќ, Блажевски 3, Арсеновски 2
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 12 минути

За време на викендот, во рамките на второто коло на плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Тиквеш во Кавадарци.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723