b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_03_euro_12_tikves.jpg

Ракомет
Суперлига (плеј-оф)
Второ коло:

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 31-31 (16-16)

Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 500
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев

Натпреварот започна доста израмнето, двете екипи имаа предност во почетните минути но тоа беше само минимално. Уште во 3. минута Тиквеш остана без Никола Стефановиќ во тимот кој се повреди после еден судар со противнички играч и го заврши многу рано натпреварот. На полувремето резултатот гласеше 16-16, потоа прв удар зададе Еурофарм Пелистер 2 кој се одлепи на „плус три“ (17-20). Меѓутоа Тиквеш на Андоноски влезе во една серија и од 19-21, мечот го сврте во своја корист (23-21).

Еурофарм Пелистер 2 направи уште еден пресврт и во финишот беше многу блиску до победата. Гостите имаа два предност и напад со кој можеа да ја потврдат победата но не реализираа што го искористи Тиквеш и Кондев со два гола израмни на 31-31. Следеше голема шанса за пелистерци да слават, но Ѓорговски бе реализира седмерец и дуелот заврши без победник.

Дарко Кондев со шест гола беше најдобар кај домаќините, додека кај Еурофарм Пелистер 2 се истакна Емилијан Ѓорговски со девет гола.

Тиквеш:
Стојаноски, Лазов, Дрогришки 3, Темелковски 3, Велков, Соколов, Колев, Стефановиќ, Гошевски, Милков, Кондев 11, Окардов, Коцев, Симиќ 8, Јанчев 6, Трпчевски
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Буторац 1, Ѓукиќ 3, Талевски 4, Стоилевски, Блажевски, В. Димитровски 5, Петар Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 9, И. Димитровски 1, Белистојановски 3, Павле Атанасијевиќ 2, Петровиќ, Николовски, Табаковски
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 10 минути

Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 ќе ја брка првата победа во разигрувањето, на домашниот дуел против Вардар 1961.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723