b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_05_279923616_527019675811129_7133892085337988992_n.jpg

Еурофарм Пелистер е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија. Од сезоната 2022/23 дресот на нашиот клуб ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски. Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата.

31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Пешевски е роден во Скопје на 11 април 1991 година, а во својата кариера настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт. Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција“, се вели во клупското соопштение.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723