b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_07_jovanovski_pecurica.jpg

РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека потпиша договори со двајца нови голмани за сезоната 2022/23. Нови членови на нашиот клуб се Мартин Јовановски и Василије Печурица.

28-годишниот Јовановски е производ на познатата битолска школа на голмани. Се враќа во матичниот клуб од германскиот Дансенберг, а претходно настапуваше за Струга, Охрид и алжирски Петролиер. Maртин Јовановски се обврза на договор на две години.

18-годишниот младински репрезентативец на Црна Гора, Василије Печурица во тимот на Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од Струга, а претходно настапуваше и за Будуќност. Печурица стави потпис на четиригодишен договор со битолскиот суперлигаш.

Двајцата ракометари ќе пристигнат на подготовките за новата сезона на 20 јули, а потоа и официјално ќе бидат претставени пред медиуми.

Покрај овие две нови имиња, од следната сезона Еурофарм Пелистер 2 ќе биде посилен и за средниот бек Мартин Ивановски, кој доаѓа од Охрид.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723