b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_07_zasilubavnkja_pel.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово со редовните тестови и попладнево со првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ја почнаа новата сезона 2022/23. На стартот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб работеа со осумнаесет ракометари, а Усама Хосни (настапи на Купот на Африка) ќе се приклучи в понеделник на втората фаза на подготовки во Маврово.

РК Еурофарм Пелистер 2022/23

Дојдоа:

Усама Хосни (Истр), Урбан Лесјак (Хановер), Вилсон Дејвис (Иври), Руди Сери (Рен), Денис Васиљев (Мотор Запорожје), Жарко Пешевски (Штутгарт), Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)

Заминаа:

Никола Маркоски (Алкалоид), Елмир Граџан (Олимпијакос), Стипе Мандалиниќ (АЕК Атина), Мартон Секељи, Јосип Периќ, Немања Обрадовиќ, Матео Мараш (Татабања), Реиние Табоада (Фредериција), Филип Ивановски (Бутел Скопје)

razpel1

Повикани ракометари за подготвителниот период:

Голмани:

Урбан Лесјак
Марко Кизиќ
Бобан Ристевски

Леви крила:

Цветан Кузманоски
Гоце Ојлески
Бојан Маџовски

Леви бекови:

Руди Сери
Дејан Кукуловски
Емилијан Ѓорговски

Средни бекови:

Вилсон Дејвис
Павле Атанасијевиќ
Марио Танкоски

Десни бекови:

Усама Хосни (ќе се приклучи на подготовките во Маврово заради обврски кон националната репрезентација)
Павле Петровиќ
Мартин Велковски

Десни крила:

Мирко Радовиќ
Ненад Костески

Кружни напаѓачи:

Жарко Пешевски
Денис Васиљев

Дефанзивец:

Милорад Кукоски

treneripel

Стручен штаб:

Тренер: Ларс Валтер
Асистент тренер: Божидар Мојсов
Тренер на голмани: Ице Соколески
Кондиционен тренер: Александар Марковски
Физиотерапевти: Филип Милевски и Христијан Стојановски

Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски нови членови на Еурофарм Пелистер

Од почетокот на сезоната 2022/23 ракометарите Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски се приклучени кон тимот на Еурофарм Пелистер по две успешни сезони во Еурофарм Пелистер 2. Во овој период тие ги исполнија сите цели, двапати играа плеј-оф, еднаш завршен турнир на Купот на Македонија, изборија место во ЕХФ Лига Европа, а стигнаа и до репрезентативниот дрес. Ракометарите Емилијан Ѓорговски и Павле Петровиќ ќе го минат подготвителниот период со Еурофарм Пелистер во Битола и Маврово.

План на подготовки за јули и август:
20 јули – почеток на подготовки во Битола
25 јули – 2 август – централна фаза на подготовки во Маврово

Контролен натпревар: Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

16-20 август – Струшки ракометен турнир 2022
25 август – СЕХА лига (четвртфинале) – Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
28 август – Суперкуп на Македонија – Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723