b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_07_valterpel1.jpg

Македонскиот претставник во Европската лига, Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за новата сезона, во која тимот ќе се натпреварува на дури пет фронта. Данецот Ларс Валтер ќе ги предводи „фармацевтите“ во новата сезона и ќе се обиде со своите избраници да го симне Вардар од македонскиот трон.

Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Имаме само еден месец до почетокот на официјалните натпревари. Првиот дуел е против Мешков Брест на 25 август и немаме многу време. Затоа ќе треба можеби да играме малку повеќе ракомет отколку што тоа нормално го правиме и напорно да работиме на физички план. Ќе биде интересно да видиме како ќе изгледаме за четири недели, бидејќи е краток период, но мислам дека ќе успееме. Досега, тест резултатите се одлични, и почнуваме напорно да работиме.

Досега не игравме ракомет, ова е наш прв тренинг со топка. Но, од тоа што го видов, видео записите и натпреварите, мислам дека имаме добар тим. Се работи се добри личности, два дена сме заедно и мислам дека „дишеме“ добра работна атмосфера. Луѓето сакаат да работат и оптимист сум за тоа што ни следи. Не исклучувам можност за уште некое засилување летово.

pesevski

Жарко Пешевски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Не размислував долго кога почнаа преговорите, видов максимална заинтересираност од двете страни. Најдовме заеднички јазик и дојдов во Битола. Среќен сум, доаѓам со „полн куфер“ амбиции и желби и мотивиран сум да помогнам во овој амбициозен клуб. Еурофарм Пелистер расте во последните четири години откако заминав од Македонија во Бундеслигата. Верувам дека ќе помогнам да почне овој клуб да освојува титули и да го заземе местото кое го заслужува.

Морам да признаам дека со голем респект како и ние Македонците кои работевме во странство, така и сите ракометни работници, гледаат на овој клуб. Еурофарм Пелистер од ден на ден расте во сериозен клуб, клуб во кој одлично се работи и секоја нова сезона амбициите и апетитите растат. Оваа сезона е идеална шанса да ги оствариме желбите во целост.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723