b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_07_pel2zasiluvanja22.jpg

РК Еурофарм Пелистер 2 официјално ги претстави трите засилувања за сезоната 2022/23. Нови членови на екипата која ќе ја претставува Македонија во квалификациите на ЕХФ Лига Европа се Мартин Ивановски, кој дојде од Охрид, Василије Пичурица од Струга и Мартин Јовановски, кој се врати во матичниот клуб од Германија.

Мартин Ивановски
(ракометар на Еурофарм Пелистер 2)

Мојот младински тренер Сашо Ристески контактираше со тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ и така дојде до трансферот. Јас се согласив, условите ги прифатив и мислам дека ова е чекор напред и отскочна даска во мојата кариера.Овој колектив е одличен, екипата е уште помлада од минатогодишната. Добро ме прифатија соиграчите, се чувствувам скоро како дома и се надевам на успех.

Василије Пичурица
(ракометар на Еурофарм Пелистер 2)

Дојдов оваа година во Македонија, откако Никола Матовиќ се повреди и ми отстапи место во Струга. Така започнав да ги покажувам моите квалитети во македонската лига. Јуниорски репрезентативец сум на Црна Гора, имам искуство од неодамна завршеното Европско првенство и заедно со мојот менаџер Милош Павичевиќ одлучивме да дојдам овде. Заедно заклучивме дека ова е едно од најдобрите решенија за мене. Мојата амбиција е ова да ми биде отскочна даска за понатаму.

Ние сме млада екипа и ни требаат многу натпревари. Со текот на времето ќе стекнеме искуство. Мирко на почетокот е секогаш со мене. Пред да дојдам ми рече што и да треба да му се обратам и благодарен сум што е добар кон мене.

Мартин Јовановски
(ракометар на Еурофарм Пелистер 2)

Драго ми е што се враќам дома. Амбиентот што го затекнав е одличен. Имаме млада екипа, доста помлада од минатата сезона. На 20 јули почнавме со подготовки, напорно тренираме и се надевам на повторување на ланскиот успех.

Уште немаме информации за Алпла Хард, но наскоро ќе започнеме да се подготвуваме за Австријците. Уште не сме консолидирани, чекаме да ни се приклучат двајца ракометари кои се на подготовки со Еурофарм Пелистер, па ќе видиме како ќе се одвива сезоната.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723