b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_lesjaka.jpg

Денес во просториите на клубот, Еурофарм Пелистер официјално го претстави својот нов голман. Словенечкиот голман Урбан Лесјак е вториот ракометар од оваа земја кој ќе го носи дресот на славниот клуб од Битола.

 

Урбан Лесјак
24.08.1990 (Целје, Словенија)

2010-2018 – Целје Пивоварна Лашко
2018-2022 – Хановер
2022 – Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2024)

Член на репрезентацијата на Словенија
Освојувач на бронзен медал на Светското првенство во Франција 2017 година

 

 

Урбан Лесјак
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Кога стигна опцијата за Битола, веднаш ми беше интересна. Градот го знаев, бидејќи играв тука со Хановер. Филип Кузмановски ми кажа многу убави зборови за клубот, градот, организацијата, сопственикот и засега сè функционира супер и едвај чекам да почнат натпреварите.

Словенците имаат големо почитување за македонскиот ракомет. Знаеме што значеа Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер, кој е на добар пат. Имаме добар ростер, имаме луѓе зад нас во клубот кои добро работат и верувам дека ова е добар проект.

Со голем ентузијазам гледам на проектот, бидејќи ако не беше така немаше ни да се одлучам да дојдам тука. Драго ми е што ќе имам голема одговорност, што ќе бидам битен за екипата. Верувам во својот квалитет и во квалитетот на екипата. Свесен сум дека голманската позиција е многу битна и ќе дадам сè од себе.

Тешко е да оценам каква е екипата во овој момент. Тешки се нозете, доста трениравме и физички се подготвувавме. Имаме интелегентна екипа која може да игра повеќе начини на ракомет – од брз, до тактичен. Спремни сме за сè сезонава.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723