b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_dejvis.jpg

По Серхио Барош, Вилсон Дејвис е вториот Португалец кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Средниот бек денес беше претставен пред медиумите во Битола и говореше за сите детали кои го доведоа да потпише двегодишен договор со македонскиот вицешампион.

Вилсон Дејвис
07.09.1988 во Лисабон, Португалија

2000-2006 - Спортинг Лисабон
2006-2008 - Ковадонга (Шпанија)
2008-2014 - Порто
2014-2015 - Нант
2015- 2017 - Сесон Рен
2017-2019 – Данкерк
2019-2022 – Иври
2022- Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2024)

Шампион на Португалија: 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014
Освојувач на Суперкупот на Португалија со Порто: 2010
Освојувач на Лига Купот на Франција со Нант: 2015

Репрезентативец на Португалија: од 2009 година

 

 

Вилсон Дејвис
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Шансата да дојдам тука ми ја понуди мојот менаџер кој ми кажуваше за идејата на клубот да конструира силен тим за да ги освои домашните титули. Тоа ме заинтересира многу и не беше тешко да се одлучам да потпишам за овој клуб. За мене е задоволство и голем предизвик што сум во Еурофарм Пелистер. Клубот има големи амбиции, сака да освојува титули, да биде градот среќен, бидејќи 18 години е без титула. Веќе нестрпливо сакам да играм и да освојувам трофеи пред нашите навивачи.

Имаме искусна екипа и млади момци, но генерално многу квалитет има во оваа група. Добивме скандинавски тренер, со свои идеи за атрактивен ракомет. Се трча многу и се бара многу напади, но и силна одбрана, каква што е неопходна. Првите импресии ми се одлични, сите напорно работат и градиме нешто за да биде подобро.

Немав можност многу да го видам градот, но кога излегов воочив дека луѓето ме препознаваат, го знаат ракометот. На пример пред некој ден ми пријде еден човек и ми рече: „Оваа година ја сакаме титулата“. Ќе работиме како овој човек и сите навивачи да ги задоволиме. Спремен сум на тој притисок, веќе ми кажуваа за Битола и би била голема радост да ја донесеме титулата во градот. Играв во Порто и можам да ви кажам дека ривалството со екипите од Лисабон, посебно со Бенфика, е големо. Ова ривалство меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 може да се споредува со тоа. Го видов тоа и од видео снимките од минатата сезона.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723