b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_hosni.jpg

За првпат во клупската историја еден ракометар од Тунис ќе игра во Еурофарм Пелистер. Искусниот десен бек Усама Хосни од Истр дојде во Битола и денес беше претставен пред медиумите.

Усама Хосни (Тунис) – десен бек
17.09.1992

2012-2017 – Клуб Африкан
2017-2018 – Иври
2018-2019 – Понто Комбо
2019-2022 – Истр
2022 – Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2024)

Репрезентативец на Тунис
Освојувач на Купот на Африка во Габон во 2018 година, сребрен медал на Купот на Африка во Тунис во 2020 година.

Освојувач на сребрен медал на Медитеранските игри во Тарагона 2018 година

Усама Хосни
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

 

 

Ова е убаво искуство за мене. Можноста да дојдам во Македонија и да бидам прв ракометар од Тунис во Еурофарм Пелистер ми ја понуди мојот агент. Тој ми го претстави клубот и амбициите, можноста да се остварат добри резултати во Европа и да се освои македонското првенство. Ова е убава шанса за мене, тотално различно искуство од Франција, каде што играв. Оптимист сум и мотивиран сум за мојот нов предизвик.

Наидов на амбициозна група ракометари. Важно е да се бориме за титулата во Македонија. Го гледав последниот натпревар против директниот конкурент Вардар 1961 минатата сезона. За жал заради мали детали Еурофарм Пелистер ја загуби титулата. Но, оптимист сум дека годинава ќе биде подобро.

Ракометот има традиција на Балканот. Македонија има добра репрезентација, во 2015 година игравме важен натпревар во Полска за олимписките квалификации. Бев најдобар играч на тој натпревар, победивме и благодарение на тој натпревар, Тунис се квалификува за Олимписките Игри во Рио. Традиција е да излегуваат добри ракометари од Македонија, да имате добра селекција. Убав пример за тоа е Кирил Лазаров.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723